Hamdi Yıldız
15 Август 2018•Ажурирај: 17 Август 2018
ЈЕМЕН (АА) - Претставничката на УНИЦЕФ во Јемен, Меритксел Релано, истакна дека секоја година 66.000 деца во земјата умираат од болести кои можат да се спречат, пренесува Anadolu Agency (AA).
Релано, во објава на Твитер, напиша дека овие деца што умираат секоја година во Јемен од болестите кои можат да се спречат, се под петгодишна возраст, од кои половината умираат за време на раѓањето или во рок од еден месец по раѓањето.
„Останатите умираат поради болести како дијареја, пневмонија и лоша исхрана, од кои е можно да се заштитат“, додаде таа.
Според неа, задолжително треба да се стави крај на војната, а потсети дека децата продолжуваат да умираат во повеќе покраини.