Mustafa Deveci
21 Јуни 2021•Ажурирај: 23 Јуни 2021
АЛ КУДС (АА) - Министерот за надворешни работи на Израел, Јаир Лапид, следната недела ќе престојува во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на израелското Министерство за надворешни работи наведено е дека Лапид во посета на ОАЕ ќе престојува на 29 и 30 јуни.
За време на посетата, Лапид ќе присуствува на отворањето на Амбасадата на Израел во Абу Даби и на Конзулатот во Дубаи.
Тој ќе биде првиот израелски министер што ќе го посети Абу Даби по договорот за нормализација на односите помеѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
ОАЕ и Израел на 15 септември 2020 година во Белата куќа постигнаа договор за нормализирање на односите.