Mustafa Deveci
16 Април 2020•Ажурирај: 17 Април 2020
ЕРУСАЛИМ
Израелскиот претседател Рувен Ривлин изјави дека новиот мандатар ќе биде именуван од израелскиот Парламент, јавува Агенција Анадолија (АА).
Откако лидерот на израелската опоцизија, Бени Ганц, не успеа во зададениот рок да формира нова израелска влада, клучниот збор во продолжение на политичката криза во таа земја повторно го има Парламентот, Кнесетот.
Ривлин на својот профил на Твитер соопшти дека по неуспшениот обид на Ганц, во согласност со законот, новиот мандатар ќе го одреди Парламентот.
„Се надевам дека Парламентот ќе успее да го одреди мандатарот за формирање на влада и дека нема да мораме по четврти пат да одржуваме избори“, изјави Ривлин.
Израелскиот Парламент е задолжен во рок од 21 ден да именува мандатар, но доколку во одреден рок не се одреди мандатар, Израел ќе мора да одржи четврти избори по ред.
Во Израел владее длабока политичка криза. Во изминатите 12 месеци одржани се три парламентарни избори на кои најмногу гласови освои партијата Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, но таа десничарска политичка оција не успеа да состави коалициска влада со мнозинска поддршка во Парламентот.
Израелскиот претседател Ривлин на 16 март за мандатар за состав на новата влада го именуваше Бени Ганц, лидерот на Коалицијата „Сино-бели“, која беше втора на предвремените парламентарни избори одржани на 2 март.
Меѓутоа, Ганц не успеа да постигне договор со актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху за формирање на влада на национално единство. Договорот не е постигнат поради несогласување во изборот на судиите.