Mustafa Deveci
15 Септември 2021•Ажурирај: 16 Септември 2021
КУДС (АА) - Израелскиот премиер Нафтали Бенет изјави дека е против создавање независна палестинска држава и дека нема да разговара со претседателот на палестинската власт Махмуд Абас, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во интервју за државната „Кан њуз“, Бенет зборуваше за случувањата на агендата на Израел, велејќи дека формирањето независна палестинска држава би било „страшна грешка“.
Тој, исто така, истакна дека нема да се сретне со Абас, за кого рече дека „тужи војници и команданти на израелските одбранбени сили во Меѓународниот кривичен суд во Хаг“, како и дека обезбедува месечни стипендии за „терористите“, осврнувајќи се на палестинските затвореници и роднини на починатите Палестинци.
Во интервју за израелскиот весник „Једиот ахронот“, тој тврди дека целиот Ерусалим е „главен град“ на Израел.
Палестинците бараат формирање независна држава со главен град Источен Ерусалим (Источен Кудс). Меѓутоа, израелската администрација го отфрла тоа, велејќи дека целиот град е нејзин главен град.