Eshat Fırat
16 Ноември 2017•Ажурирај: 16 Ноември 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници уапсија 30 Палестинци на Западниот Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на армијата се наведува дека во текот на ноќта се преземени акции на неколку локации, каде што се уапсени 30 Палестинци за учество во терористички активности.
Во израелските затвори има неколку илјади Палестинци, а најновите бројки од Здружението на палестински затвореници покажуваат дека меѓу затворените има околу 400 малолетни лица.