Fahri Aksüt
05 Февруари 2020•Ажурирај: 05 Февруари 2020
ГАЗА (АА) - Израелската Војска рано утринава изврши нови воздушни напади во блокираната палестинска енклава Газа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Неименуван извор за АА изјави дека израелските бомбардери ги гаѓале позициите на вооруженото крило на Хамас, Бригадата „Из ад Дин ал Касам“, во градот Кан Јунис на јужниот дел на Газа.
Според првичните информации, во нападот немало настрадани лица.
Израелската Војска во кратко соопштение наведе дека утринскиот воздушен напад е одговор на наводниот ракетен напад што од Газа е извршен на Израел.
Израелските сили на почетокот на неделата извршија повеќекратни воздушни напади на позициите на Хамас во јужниот дел на Газа.