Mustafa Deveci
25 Ноември 2018•Ажурирај: 27 Ноември 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските сили приведоа пет палестински деца во окупираниот Западен Брег, пренесува Anadolu Agency (AA)
Според веста на палестинската официјална новинска агенција ВАФА, израелските сили привеле пет палестински деца кај местото Бејт Феџр во градот Витлеем, кој се наоѓа на Западниот Брег.
Во веста се наведува дека израелските сили синоќа извршиле рација во ова место, и дека едно од приведените деца е на 13-годишна возраст, три се на 14, а едно од нив е на 16-годишна возраст.
Израелските сили ги привеле палестинските деца врз различни изговори, вклучувајќи го како причина и тврдењето дека фрлале камења во окупираните Западен Брег и Источен Ерусалим (Кудс).
Според извештајот на Зружението на палестински затвореници, израелските сили оваа година на Западниот Брег и Источен Ерусалим привеле 908 палестински деца, додека 270 од нив се задржани во израелските затвори.
Израел во 2015 година донесе закон кој овозможува приведување, судење и задржување во рамките на т.н. административен притвор на деца под 12-годишна возраст.