Esat Fırat
10 Октомври 2021•Ажурирај: 11 Октомври 2021
КУДС
Израелската полиција изврши упад во куќата на Екрим Сабри, имамот на „Ал Акса“, во окупираниот Источен Кудс (Источен Ерусалим), известува Агенција Анадолија (АА).
Канцеларијата на Сабри за АА упати соопштение дека израелската полиција влегла во неговата куќа во раните утрински часови и со бучава и дрскост предизвикала страв и паника, не осврнувајќи се на фактот дека Сабри има 82 години.
Полицијата при упадот покажала налог за претрес издаден од израелската безбедносна служба „Шин Бет“, по што Сабри е одведен во единицата за притвор за испитување во одделот за притвор во Западен Кудс.
Полицијата на Израел не даде никаков коментар во врска со случајот.
При заминувањето во одделот за притвор, Сабри на новинарите им изјави дека најверојатно го приведуваат поради неговата реакција на израелската судска одлука за одобрување на тивките молитви на Евреите во „Ал Акса“.
Поранешниот висок муфтија на Палестина и „Ал Акса“ во моментов ја извршува функцијата претседател на Исламскиот совет на Кудс.