Zehra Ulucak
04 Јуни 2018•Ажурирај: 04 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Индија и Соединетите Американски Држави (САД) се согласија за продолжување на стратешкото партнерство, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Hindustan Times“ (Хиндустан тајмс) јавува дека премиерот на Индија, Нарендра Моди, и министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис, оствариле средба на 17. Безбедносен самит на Азија, кој викендот се одржа во Сингапур, попознат како „Дијалог Шангри-Ла“, и дадоа ветување за продолжување на силното стратешко партнерство меѓу двете земји.
„Матис и Моди, покрај за важноста на односите меѓу САД и Индија, разговараа и за улогата на двете земји во соработката за спроведувањето на меѓународното право и принципи, како и за обезбедување слобода и транспарентност во индиско-пацифичкиот регион“, истакна портпаролот на Пентагон, Џеф Дејвис.
Дејвис рече дека Матис и Моди, коишто соопштија дека се согласиле за продолжување на силното партнерство меѓу САД и Индија, исто така се согласиле за продолжување на мирот, стабилноста и благосостојбата во регионот.