Nilay Kar
23 Септември 2019•Ажурирај: 24 Септември 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, му се придружи на индискиот премиер, Нарендра Моди, на собирот кој индиската дијаспора го организираше во американската сојузна држава Тексас, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп ги пофали односите на Вашингтон со Њу Делхи на настанот „Здраво, Моди!“ во Хјустон, на кој присуствуваа неколку илјади луѓе.
„Воодушевен сум што сум тука во Тексас со еден од најголемите, најпосветени и најлојални пријатели на Америка, индискиот премиер Моди“, изјави Трамп.
„Под водство на премиерот Моди, светот сведочи на силна и просперитетна Република Индија“, рече тој.
„Односите меѓу двете земји се посилни од кога било“, нагласи американскиот претседател.
Индискиот премиер Моди за американскиот претседател Трамп рече дека е пријателски, топол и достоен човек, и додаде дека Индија има вистински пријател во Белата куќа.