Ekip,Ahmad Adil
27 Јануари 2024•Ажурирај: 28 Јануари 2024
АНКАРА (АА) - Индија и Франција изразија длабока загриженост поради масовните цивилни жртви во израелската војна во Појасот Газа, повикувајќи го Тел Авив да ги почитува меѓународното и хуманитарното право и да создаде услови, вклучувајќи и хуманитарен прекин на огнот, за да може помошта да влезе во енклавата, пренесува Анадолу.
Претседаателот на Франција, Емануел Макрон, и премиерот на Индија, Наренда Моди, изнесоа нови ставови во заедничката изјава што индиското МНР го објави во петокот вечер.
Макрон во четвртокот пристигна во Џајпур, во северозападната индиска држава Раџастан, каде присуствуваше на низа настани заедно со индискиот премиер Моди. Во петокот Макрон беше главен гостин по повод одбележувањето на Денот на Републиката во главниот град Њу Делхи, по што се врати во Франција.
„Двајцата лидери повикаа на итно и безусловно ослободување на сите заложници. Тие повторија дека за траен мир и стабилност во регионот е потребен политички процес кој води кон решение за две држави“, се наведува во соопштението.
Францускиот и индискиот лидер се солидаризираа и со народот на Израел, осудувајќи го нападот на 7 октомври.
Макрон и Моди изразија сериозна загрижености поради можноста од натамошно ширење на регионалните судири, вклучувајќи го и подрачјето на Црвеното море и „потсетија на големото значење од зачувување слободната пловидба во Црвеното море и почитување на меѓународното право на морето.“
Макрон и Моди изразија и длабока загриженост поради војната во Украина и трагичните хуманитарни последици.
Двете земји се договорија за план во одбранбена индустрија и потпишаа меморандум за разбирање меѓу „NewSpace India Limited“ и францускиот „Arianespacea“ за воспоставување на долгорочно партнерство во мисиите за лансирање сателити, се вели во соопштението на индиското МНР.