Mahmut Atanur
17 Јануари 2021•Ажурирај: 18 Јануари 2021
ЏАКАРТА (АА) - Во земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, што на 15 јануари го погоди градот Маџена, во Западен Сулавеси, Индонезија, загинаа најмалку 73 лица, јавува Агенција Анадолија (AA).
Челникот на Националната агенција за вонредни состојби, Радија Џати, изјави дека 27.850 лица евакуирани по земјотресот се сместени на 25 безбедни локации.
Џати истакна дека податоците со кои моментално располагаат покажуваат дека во земјотресот животот го изгубиле 73 лица, 64 во градот Мамуџа и девет во Маџене.
Напомена дека 253 лица, сериозно повредени во земјотресот, се лекуваат во болниците.
Џати додаде дека спасувачките операции продолжуваат.
Земјотресот, регистриран на шест километри североисточно од градот Маџена, на длабочина од десет километри, го почувствувале и жителите во подрачјето на Палу и Макасар.