İdris Okuducu
25 Ноември 2018•Ажурирај: 26 Ноември 2018
БАГДАД (АА) - Бројот на загинатите во поплавите предизвикани од поројните дождови во Ирак се искачи на 18 лица, соопшти ирачкото Министерство за здравство, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на министерството се наведува дека во поплавите кои ја зафатија земјата во петокот, досега смртно настрадале најмалку 18 лица, додека 180 лица се повредени.
Се вели дека во поплавите во Васит загинале седум, во Салахадин пет, во Зикар две, а во Басра и во Мејсан по едно лице.
Премиерот на Ирак, Адил Абдулмехди, претходно истакна дека одблиску се следи развојот на настаните во поплавените подрачја, и соопшти дека е формиран кризен штаб.
Претседателот на ирачкиот Парламент, Мухамед Халбуси, претходно упати апел до Обединетите нации (ОН) и другите меѓународни организации за помош на раселените лица во земјата погодени од поплавите.