Fatih Hafız Mehmet
25 Ноември 2018•Ажурирај: 26 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп доцна синоќа истакна дека на мигрантите на јужната граница на Соединетите Американски Држави (САД) нема да им биде дозволен влез, сѐ додека нивните барања поединечно не се одобрат од страна на судот, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Ние ќе им дозволиме влез само на оние кои доаѓаат во нашата земја легално. Настрана од тоа, нашата политика е ’Фати и приведи...‘“, напиша Доналд Трамп на Твитер.
Додаде дека сите мигранти ќе останат во Мексико.
„Сите ќе останат во Мексико. Ако поради одредена причина стане неопходно, ние ќе ја ЗАТВОРИМЕ нашата јужна граница. Нема шанси САД, по децении на злоупотреба, и понатаму да ја толерираат оваа скапа и опасна ситуација!“, истакнува Трамп.
Од неодамна, илјадници мигранти чекаат во градот Тихуана, во Мексико, за да преминат во САД.
Граничната безбедност е зајакната со 7.000 воени трупи за обезбедување на јужната граница и зајакнување на контролата на точките за влез.
Судијата Џон Тајгар од Окружниот суд во Сан Франциско издаде привремена мерка за ограничување минатиот понеделник, која Трамп ја донесе на 9 ноември, со цел да се спречи преминувањето на мигрантите надвор од определените места за влез.
Наредбата за ограничување ќе им овозможи на мигрантите да побараат азил, без оглед дали влегле во САД илегално или дошле преку местата за легален влез во државата.