Haydar Hadi
03 Јули 2016•Ажурирај: 03 Јули 2016
БАГДАД (АА) – Шеесет загинати и 100 ранети лица е последниот биланс на жртвите од бомбашкиот напад кој се случи во Багдад, главниот град на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од безбедносни извори, бројот на загинати лица се искачи на 60, а околу 100 лица се ранети при експлозијата на автомобил-бомба, која се случила во населбата Карада, во центарот на Багдад.
Според првичната изјава, во нападот зад кој се претпоставува дека стои терористичката организација ДАЕШ, беше јавено дека загинале 12 лица, а повредени се 34.
Багдад, поради слабото ниво на безбедност, претставува место на чести напади и насилство