Marcus Brogden
03 Јули 2016•Ажурирај: 04 Јули 2016
ПЕКИНГ (АА) - Околу 20 луѓе се заробени под земја во Кина откако вода ги поплави рудниците за јаглен во северниот и југозападниот дел на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Државната новинска агенција Синхуа објави дека одговорниот за безбедноста на земјата денес изјави дека 12 рудари се сè уште заробени во поплавен рудник во градот Џинченг во провинцијата Шенси.
Локалните власти рано утринава соопштија дека шест лица, исто така, се заглавени откако се поплави рудник во областа Шуиченг во југозападниот дел на провинцијата Ѓангсу.
Државната управа за заштита при работа, во своето соопштение вели дека 94 рудари работеле под земја, кога се случила незгодата во јамата Џинченг, вчера во околу 23:00 (1500 GMT).
Несреќата во рудникот за јаглен Хонгчаи се случи околу 4:00 изутрина.
Спасувачките екипи се на пат во двете јами откако локалните власти ги повикаа да сторат сè што е во нивна моќ да ги спасат рударите и да ја одредат причината за трагедијата.
„Секој што е одговорен за несреќата мора да биде повикан на одговорност”, истакна Синхуа.
На друга локација, шест лица се водат за исчезнати, а едно лице е повредено во експлозија на рудник за варовник која се случи раните утрински часови, во автономсниот кинески регион Внатрешна Монголија.
Синхуа ги цитираше локалните власти дека спасувачката мисија е во тек по несреќата во 2:00 часот изутрина.