Haydar Karaalp
09 Декември 2021•Ажурирај: 10 Декември 2021
БАГДАД (АА) - Ирачкиот потсекретар за национална безбедност, Касим Араџи, соопшти дека коалициските борбени сили предводени од Соединетите Американски Држави (САД) ја завршиле својата мисија во земјата и се повлекле, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на ирачката официјална новинска агенција ИНА, Араџи соопшти: „Ги завршивме нашите финални преговори со коалициските сили. Коалициските борбени сили ја завршија својата мисија во Ирак и се повлекоа.“
Шиитските милициски групи блиски до Иран пред извесно време се заканија дека од крајот на декември ќе ги напаѓаат американските сили во земјата.