Bekir Aydoğan
12 Септември 2021•Ажурирај: 13 Септември 2021
ЕРБИЛ
Напад со беспилотно летало е изведен врз локацијата каде што се наоѓаат американските војници на Меѓународниот аеродром во Ербил, Ирак, известува Агенција Анадолија (АА).
Единицата за антитероризам на ирачката Курдска регионална влада даде соопштение во врска со нападот на аеродромот во Ербил.
Во соопштението се наведува дека Меѓународниот аеродром Ербил бил нападнат со беспилотното летало опремено со експлозив.
По нападот на аеродромот беа преземени безбедносни мерки, суспендирајќи ги сите летови.
Подоцна, Ахмед Хошјар, директорот на аеродромот во Ербил, за радиодифузниот сервис Рудав (Rudaw) со седиште во Ербил, изјави дека летовите повторно се вратени во нормала.