Fatma Esma Arslan
11 Септември 2021•Ажурирај: 12 Септември 2021
ДАКАР
Најмалку 5 лица загинаа при пад на воен хеликоптер на Брегот на Слоновата Коска, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за одбрана се наведува дека хеликоптерот од типот MИ-24, во сопственост на војската на Брегот на Слоновата Коска, на кој вчера му се губи секоја трага, се урнал во Тоголаје, во регионот Техини.
Во хеликоптерската несреќа животот го загубиле пет војници, а во тек е истрага за инцидентот.
Комуникацијата со хеликоптерот е прекината во петокот во 2:00 часот по локално време.