Ali H. M.Abo Rezeg
28 Ноември 2018•Ажурирај: 28 Ноември 2018
МОСУЛ (АА) - Околу 1.900 тела се пронајдени и извлечени од урнатините во северниот град Мосул, по тригодишниот судир на ирачките сили со терористичката организација ДЕАШ, изјави локален официјален претставник на цивилната заштита, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тимовите на цивилната заштита досега од под урнатините на зградите во мосулскиот Стар Град пронајдоа околу 1.900 тела“, изјави за АА Фахед ал Абед, офцијален претставник на цивилната заштита на покраината Нинива, чиј главен град е Мосул.
Во мај, Управата на цивилната заштита започна да ги пребарува урнатините во Мосул, кој беше едно од засолништата на ДЕАШ, во настојување да ги пронаде телата на цивилите и убиените борци на терористичката организација.
Според зборовите на Ал Абед, поголемиот дел од телата се неидентификувани борци на ДЕАШ.
„Пронајдени се и многу тела на жени и деца, за кои се претпоставува дека се од семејствата на припадниците на ДЕАШ“, нагласува Ал Абед.
Според разните медиумски извори, илјадници цивили загинаа во Мосул по конфликтот со ДЕАШ од 2014 до 2017 година, кога коалицијата предводена од САД извршуваше интензивни воздушни напади.
Откако ирачката Војска, со помош на коалицијата, кон крајот на минатата година го зазеде Мосул, официјалните претставници во Багдад го прогласија присуството на ДЕАШ во земјата за потполно неутрализирано.
Меѓутоа, се чини дека ДЕАШ и понатаму има органичено присуство во одредени делови на Ирак.