Haydar Karaalp
31 Декември 2019•Ажурирај: 31 Декември 2019
БАГДАД (АА) - Премиерот на Ирак, Адил Абдулмехди, апелираше до демонстрантите итно да се тргнат од пред зградата на Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Багдад, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Нападот на САД врз нашите воени позиции [бригадите на Хезболах] беше осуден од страна на Владата. Преземени се некои мерки за безбедноста на нашиот народ“, истакна во писмено соопштение Абдулмехди.
Ирачкиот премиер рече дека заштитата на претставништвата на странските мисии во Ирак е задача на Владата, а од демонстрантите побара итно да се тргнат од пред зградата на Американската амбасада во Багдад.
Абдулмехди истакна дека нападите врз претставништвата на странските мисии во земјата ќе бидат спречени од страна на безбедносните сили, и дека оние кои се вмешани во овие случаи ќе бидат казнети согласно законот.