Emel Öz Gözellik
16 Април 2017•Ажурирај: 17 Април 2017
ЕНКОРИЏ (АА) – Во американската држава Алјаска, забележано е протекување на нафта и природен гас од нафтен бунар, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјавата од Британската нафтена компанија БП, се забележува дека од две пукнатини на нафтен бунар на компанијата, кој се наоѓа во регионот Норт Слоуп во Алјаска, од петокот вечер протекува нафта и природен гас.
Исто така се наведува дека поради безбедносни причини, екипите не биле испратени на местото на протекувањето, а работниците од регионот биле евакуирани.
Официјални лица од Агенцијата за заштита на животната средина во Алјаска изјавија дека не очекуваат потенцијална штета врз дивиот свет поради истекувањето на нафта и природен гас.
Портпаролот на компанијата БП (British Petroleum), Брет Клентон, изјави дека од резултатот којшто е добиен со воздушно набљудување со инфрацрвени камери, се очекува ситуацијата да се стави под контрола пред истекувањето да се прошири кон тундрите.