Betül Yürük
16 Април 2017•Ажурирај: 17 Април 2017
ЊУЈОРК (АА) – Обединетите Нации (ОН) го осудија нападот врз конвојот за евакуација од Фуа и Кеферија, кои се под опсада во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од службата за медиуми со генералниот секретар на ОН се осудува нападот врз оние кои беа евакуирани од Фуа и Кефреја во Рашидин, во западниот дел на Алепо.
Исто така тие изразуваат сочуство со блиските на оние кои ги загубија своите животи во овој напад и упатија апел до засегнатите страни да обезбедат сигурност за оние кои чекаат да бидат евакуирани.
Сѐ уште никој не презеде одговорност за нападот во кој загинаа повеќе од 100 лица, меѓу кои цивили од Фуа и Кеферија, претставници на Црвената полумесечина и војници.