Ruslan Rehimov
16 Април 2017•Ажурирај: 16 Април 2017
БАКУ (АА) – Вооружените сили на Азербејџан започнаа со обемни воени вежби, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Министерството за одбрана на Азербејџан се наведува дека се спроведуваат големи воени вежби, според планот одобрен од страна на претседателот Илхам Алијев.
Според соопштението, во овие вежби се вклучени 30.000 војници, повеќе од 250 тенкови и оклопни возила, околу 200 системи за проектили и топови, 25 воени авиони и хеликоптери, како и новата генерација на радиоелектронски средства за истражување и беспилотни летала.
Воената вежба ќе трае до 21. април.