Emel Öz
13 Декември 2021•Ажурирај: 14 Декември 2021
КОЛОМБО
Каменот пронајден во Шри Ланка пред околу три месеци е еден од најретките и најголемите корунд сини сафири во светот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Националниот институт за накит во Шри Ланка се нагласува дека се извршени гемолошки анализи на пет примероци земени од карпата тешка 310 килограми.
Како резултат на испитувањата, констатирано е дека каменот е еден од најретките и најголемите сини сафири во светот.
Меѓу другото, се наведува дека каменот е евидентиран како најголемиот корунд син сафир што некогаш бил пронајден на земјата.
Шанка Рувандита, директорка на Институтот за гемологија „Ратнапура“, рече дека планираат да ангажираат домашни или странски проценувачи на накит за да ја одредат цената на каменот.
Се наведува дека Шри Ланка, а особено градот Ратнапура на југозападот, има важно место во ископувањето скапоцените камења за изработка на накит.