Ekipa
16 Април 2017•Ажурирај: 17 Април 2017
КОЛОМБО (АА) - Во свлечиште на депонија во близина на Коломбо, главниот град на Шри Ланка, загинаа најмалку 20 лица, а жителите стравуваат дека бројот на жртви кои би можеле да се за под урнатините, јавува Anadolu Agency (AA).
Во несреќата што се случи во Метотамула во петокот вечер, за време на прославата на Новата Година, беа повредени 12 лица кои беа хоспитализирани во болница во Коломбо.
Портпаролот на вооружените сили, Рошам Сеневиратне, рече дека од под урнатините во саботата беа извадени уште четири лица, но нема информации дали има уште затрпани луѓе.
Сепак, локалните жители продолжија да ги бараат своите најблиски, за кои тврдат дека останале затрупани.
Премиерот на Шри Ланка, Ранил Викрамасингхе, вчера изјави дека Владата наскоро ќе нареди отстранување на депонијата во таа област
Тој ја информира јавноста дека 625 лица, чии куќи се загрозени или уништени во свлечиштето се сместени во блиските училишта.
Подрачјето на Метотамула во последниве неколку години се користи за складирање на ѓубрето од Коломбо, додека властите се обидуваа да го подобрат изгледот на градот.