Seyit Aydoğan
30 Јули 2020•Ажурирај: 30 Јули 2020
ТОРОНТО
Во Канада, 68 члена на Федералниот парламент ја поддржаа неодамна започнатата петиција против плановите на Израел за анексија на палестинските територии, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Канада девет црковни, синдикални и организации за заштита на човековите права, под раководство на групата „Канаѓани за правда и мир на Блискиот Исток“, започнаа кампања во која од народот и пратениците се бара да се спротивстават на израелските планови за окупација и анексија.
Групата „Канаѓани за правда и мир на Блискиот Исток“ на својата интернет-страница и на социјалните медиуми објави дека досега 68 пратеници од канадскиот Федерален парламент ставиле потпис на подготвениот заеднички текст.
Оваа група која ги повика пратениците на канадскиот Парламент отворено да застанат против плановите на Израел, исто така побара од пратениците да извршат притисок врз Владата на Трудо во однос на ова прашање.
Потпис на поддршката на овој отворен повик ставија сите членови на партијата „Блок Квебек“, која во канадскиот Федерален парламент има 32 места и 23 пратеници на Новата демократска партија.
Свој потпис на повикот за спротивставување на плановите на Израел за анексија и окупација ставија и 10 пратеници од владејачката Либерална партија.
Поддршка на кампањата за спротивставување на израелската политика со свој потпис дадоа и двајца пратеници од Зелената партија и еден независен пратеник.
- И невладинтие организации ја даваат својата поддршка
Од друга страна, и многу невладини организации во Канада ја поддржаа кампањата што ја започнаа групата „Канаѓани за правда и мир на Блискиот исток“ и девет организации.
Повеќе од 60 синдикати, здруженија, организации, фондации и универзитети го поддржуваа овој прoект, вклучувајќи ги тука и Канадскиот работнички конгрес, Канадската федерација на студенти, УНИФОР - најголемиот работничи синдикат во земјата, Канадскиот совет за меѓународна соработка (CCIC), Гласот на независните Евреи, Канадската унија на јавни службеници.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на почетокот на оваа година објави дека во потполност ќе ја анектира целата територија што неговата земја ја окупирала од 1967 година досега, а американскиот претседател Доналд Трамп на 1 јули 2020 година објави дека САД тоа имплицитно го поддржуваат.