Seyit Aydoğan
04 Јули 2018•Ажурирај: 04 Јули 2018
МОНТРЕАЛ (АА) - Најмалку шест лица починаа како резултат на рекордно високите температури на подрачјето на канадски Квебек, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорката на здравствената канцеларија, Милен Друин, рече дека просечната температура на воздухот е околу 40 Целзиусови степени. Сепак, забележана е температура и до 47 степени.
Веќе седум дена траат екстремно високите температури во оваа област, а Друин истакна дека дневно од високите температури, брзата помош добива и повеќе од 600 повици.
Таа потсети дека како резултат на екстремно високите температури, забележани во 2010 година, починаа 106 луѓе.
„Досега се евидентирани шест смртни случаи. Загрижени сме дека бројот би можел да се зголеми“, рече Друин.
Испратен е и апел до локалните жители да пијат повеќе течности, често да се тушираат и да не излегуваат надвор, доколку навистина не е неопходно.
Гувернерката на Монтреал, Валери Плант, рече дека на улиците на градот биле поделени 20.000 литри вода. Таа истакна дека е продолжено времето кое луѓето можат да го поминуваат на отворени базени. Пожарникарите и полицајците посетија околу 5.000 стари лица во нивните домови.
Плант истакна дека упатиле повик и до граѓаните да ги посетуваат и контролираат старите лица со здравствени проблеми.
Мерки против екстремно високите температури се преземени во подрачјето на Торонто, Онтарио. Постојат отворени седум центри за разладување, во кои граѓаните можат да добијат освежување.