Seyit Aydoğan
15 Декември 2017•Ажурирај: 15 Декември 2017
ТВИД (АА) - Најмалку четири лица загинаа во хеликоптерската несреќа која се случи во подрачјето на источно Онтарио во Канада, јавува Anadolu Agency (AA).
Во хеликоптерот сопственост на фирмата „Hydro One" се наоѓале електричари кои се враќале од терен. Хеликоптерот поради неповолните временски услови се урнал во близина на Твид.
Портпаролот на фирмата, Ферио Пуглис потврди дека во несреќата загинале пилотот и тројца вработени.
Премиерот на Канада Џастин Трудо на социјалната мрежа Твитер напиша дека „од источен Онтарио дошле трагични вести”, изразувајќи им сочувство на семејствата на починатите.
Алекс Фурниер, портпаролот на одделот за безбедност во транспортот на Канада, кој ја спроведува истрагата за несреќата, изјави дека повеќе информации ќе може да сподели на крајот од истрагата.