Diyar Güldoğan
15 Декември 2017•Ажурирај: 16 Декември 2017
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп вчера телефонски разговараа за Северна Кореја, се соопштува од Кремљ утринава, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според наводите од Кремљ, до телефонскиот разговор дошло на иницијатива на американската страна. Се додава дека двајцата лидери разговарале за билатералните односи, како и ситуацијата на Корејскиот полуостров, и дека се договориле да останат во контакт.
Телефонскиот разговор следуваше по 13.по ред годишна прес-конференција на Путин која се одржа вчера, за време на која го пофали растот на економијата на САД.
„Погледнете ги пазарите што растат, тоа е доказ на довербата на инвеститорите во американската економија, што значи дека тие веруваат во она што претседателот Трамп го работи во областа“, рече Путин на конференцијата.
Според тврдењата од Белата куќа, Трамп се заблагодари на Путин на тоа што на својата конференција потврдил добри резултати на американската економија.
„Двајцата претседатели исто така разговараа за заедничкиот ангажман на решавање на многуте опасни ситуации во Северна Кореја“, се додава од Белата куќа.