Ekip
10 Октомври 2017•Ажурирај: 11 Октомври 2017
БАРСЕЛОНА (AA) - Претседателот на Каталонија, Карлес Пуџдемон, предложи одложување на прогласување на независноста за да се пружи прилика на дијалогот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Денеска стојам овде, пред Каталонија и светот. Живееме во историски момент. Шпанија сакаше да не направи мали, но Каталонија е дел од Европа. Нема да се заканувам, моментот е сериозен. Мораме да преземеме одговорност. Сите ние сме еден народ, но има работи околу коишто не се согласуваме. Историјата на овој народ ја насочуваше самиот народ. Не се сложуваме околу се, но разбираме дека мораме да го почитуваме мирот и демократијата, луѓето кои размислуваат поинаку од нас. Мораме да имаме дијалог", рече Пуџдемон во обраќањето пред регионалниот парламент на Каталонија.
Нагласи дека последните денови сакаше да слушне мислење од многу луѓе со кои разговарал во врска со случувањата во Каталонија.
„Последните денови ми пријдоа многу луѓе, ги почитувам сите предлози. Барав и мислење од голем број луѓе за ова. Им благодарам на сите, но знајте, ова не е лична одлука, ова е резултат на референдумот и волата на нашата влада. Го славевме овој референдум бидејќи рековме дека ќе го одржиме", рече Пуџдемон.
Истакна дека Каталонците имаа можност да гласаат, иако, како што рече, некои се обидоа да го оневозможат референдумот.
„Никогаш нема да ги заборавиме сликите од полициското насилство, никогаш. Тоа што државата го направи ги загрижи Каталонците, има многу од оние кои и денеска се преплашени. Веќе сега некои компании говорат за селење од Каталонија. Тоа би имало голем ефект на нашата економија, но и силните финансии кои ги испраќаме во Мадрид- тоа веќе има ефект. Сакам да ги смирам сите вознемирени. Каталонската влада и понатаму ќе ја застапува толеранцијата и почитувањето кон другите, тоа е моја одговорност како претседател", изјави каталонскиот претседател.
На крајот нагласи дека Каталонците се тие кои мораат да ја одредат својата иднина, а не Мадрид.
„Осумнаесет пати се обидовме да организираме референдум како оној во Шкотска. Ако тоа беше возможно во Велика Британија, зошто не е во Шпанија? Со години бараме слобода да решаваме, но не успеавме да најдеме соговорник во власта- дури ниту сега.Нашата последна надеж беше да монархија биде посредник во преговорите, но минатата недела и таа надеж пропадна. Продолжуваме да ставаме акцент на преговорите. Немаме ништо против Шпанија, напротив, сакаме да ги унапредиме односите. Сега односите се во криза. Освоивме право на референдум да бидеме независна држава и да не слушаат. Тоа го сакаме! Да не почитуваат и да се слуша нашиот глас", рече Пуџдемон.
Потсетуваме, во Каталонија на 1. октомври е одржан референдум за независноста од Шпанија. Каталонската влада соопшти дека повеќе од 90 отсто од луѓето, кои излегоа на референдум, се изјаснија за отцепување од Шпанија, додека централната влада во Мадрид го проласи референдумот за неуставен. Излезноста на референдумот беше 43 отсто.