Ekip
10 Јануари 2018•Ажурирај: 10 Јануари 2018
МАДРИД (АА) - Сепаратистичките партии во Каталонија објавија дека постигнале договор, кон крајот на овој месец за регионален претседател повторно да го изберат бегалецот, Карлес Пуџдемон, пренесува Anadolu Agency (AA).
Пуџдемон, кој се наоѓа во Брисел откога беше сменет од претседателската функција, поради обидот да се отцепи од Шпанија, ако се врати дома, ќе биде уапсен. Портпаролот на партијата на Пуџдемон, Заедно за Каталонија (Junts per Catalunya), објави дека нивниот лидер, во вторник во Брисел обезбедил поддршка од Републиканската левица на Каталонија (ERC).
Портпаролот на ERC исто така го потврди договорот, додавајќи дека Пуџдемон предложил преку видеоконференција да се обрати на парламентарците кон крајот на месецот или тоа да го направи некој од неговите колеги пратеници, и да го прочита задолжителниот говор кој кандидатите за регионално раководство мора да го достават пред гласањето.