ВАШИНГТОН (АА) - КАСИМ ИЛЕРИ -
Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, во период од една година од доаѓањето на функцијата претседател, ги стави во безизлез односите со повеќе сојузници на САД, додека целосно ги уништи мостовите со некои земји кои се наоѓаат на црната листа на САД, а со кои неговиот претходник, Барак Обама, ги одржуваше односите на одредено ниво.
Трамп од денот на доаѓање на функцијата претседател на САД преку неговите објави на Твитер (Twitter) ги отежнa односите со повеќе земји од аспект на надворешната политика.
Повлекувајќи се од меѓународните договори, како Парискиот климатски договор и договорот за Транс-Пацифичко партнерство, тој го сврте вниманието на бројни земји со кои соработува Вашингтон.
- Пакистанската криза, динамит за Стратегијата за Југоисточна Азија -
Пакистан играше значајна улога во борбата на САД против Талибанците во Авганистан, која од 2002 година продолжува до денес.
САД веќе 16 години ја користат територијата на Пакистан како едниствена рута за операциите кои ги врши во регион.
Исто така, пакистанската војска врши операции против групите поврзани со Ал Каеда во подрачјата каде што се вкрстуваат регионите Северен Вазиристан во Пакистан, и Нангархар во југоисточниот дел на Авганистан. Граничните трупи преземаат значајни воени мерки на границата меѓу Авганистан и Пакистан против инфилтрирањето на терористичките организации.
За возврат, админситрацијата на САД годишно пружа воена помош во износ од 900 милинои долари за Пакистан, во рамките на помошта која им ја даваат на земјите кои го поддржуваат САД во операциите во Авганистан.
Меѓу другото, Пакистан има значајна улога во стратегијата за Југоисточна Азија на американското Министерство за одбрана (Пентагон), додека важноста на оваа земја уште повеќе се зголемува со појавувањето на групите лојални на ДЕАШ во авганистанската покраина Нангархар, која се наоѓа на границата со Пакистан.
Според проценките на Пентагон, во Нангархар се наоѓаат околу илјада припадници на ДЕАШ, додека фактот што групата Хакани врши операции во истиот регион, го прави Пакистан еден неопходен актер во Авганистан.
Покрај сето тоа, во документот на Националната стратегија за безбедност објавена минатиот месец, администрацијата на Трамп го критикуваше Пакистан под изговор дека не може да ги заштити своите граници, и упати предупрадување дека во случај Пакистан да не покаже повеќе напор во врска со ова прашање, ќе се направат чекори против Исламабад.
Од друга страна, американскиот Стејт департмент минатата недела соопшти дека ќе ја запре помошта за Пакистан сѐ додека оваа земја да направи сериозни чекори против талибанците и групата Хакани, додека Пентагон соопшти дека помошта од 900 милиони долари за Пакистан е суспендирана во рамките на буџетот за одбрана за 2017 година.
Овој чекор на администрацијата на Трамп беше коментиран како поставување динамит на Стратегијата за Југоисточна Азија, а се вели дека стопирањето на воената помош и обвинувањата кон Исламабад го зближуваат Пакистан до Кина.
- Трамп ја поттикна кризата во Заливот -
Катар е друг сојузник со кого Трамп ги расипа односите. Катар е домаќин на најголемата воена база на САД на Блискиот Исток, како и седиште на операциите против ДЕАШ кои сѐ уште траат.
Одредено време по посетата на Трамп на Саудиска Арабија минатата година, пет арапски земји, Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Бахреин и Јемен соопштија дека ги прекинуваат дипломатските односи со Катар кого го обвинија со давање поддршка на тероризмот.
Саудиска Арабија, ОАЕ и Бахреин го затворија својот воздушен простор за Катар и побараа од катарските дипломати да ја напуштат земјата за 48 часа.
На дипломатската блокада против Катар се вклучија и Малдивите, како и владата на Тобрук во Либија, која нема легитимитет во меѓународната заедница, додека Трамп коментираше за кризата преку објава на својот Твитер профил.
„Задоволство е да видиш дека е постигнат резултат од посетата на Саудиска Арабија каде што се сретнав со кралот и 50 државни претставници. Рекоа дека ќе применат еден поостар начин во борбата против финансирањето на екстремизмот и сите показатели покажуваа кон Катар. Можеби ова ќе биде почетокот на крајот на стравот од тероризмот“, напиша Трамп во една објава на Твитер.
- Пентагон се обиде да ги ублажи изјавите на Трамп -
Министерот за одбрана на САД, Џим Матис, во изјавата околу буџетот за одбрана за 2018 година во Комитетот за оружени служби при Претставничкиот дом заедно со началникот на генералштабот на САД, Џозеф Данфорд, укажаа на важноста на Катар за САД: „Катар е домаќин на најголемата база на нашите воздухопловни сили, Командата на централните сили и специјалните сили. Едноставно истакнувам дека со Катар имаме взаемен капацитет за работа. Принцот Темим бин Хамад ал Тани презеде една многу тешка состојба и верувам дека се обидува да го насочи народот кон вистинската насока“.
„Ова не е само црно и бело, туку влегува и во повеќе нејасни области“, истакна Матис околу тврдењата дека Катар дава поддршка на тероризмот, и пренесе дека ќе се обидат да најдат компромис со Катар.
Кризата на Заливот сѐ уште не е решена, но иако админстрацијата на САД се насочи кон повторно поправање на односите со Катар, се вели дека изјавите на Трамп предизвикаа сериозен проблем во довербата на администрацијата на Катар кон САД.
- САД ја изгуби улогата на посредник во преговорите за Палестина -
Палестина е уште една земја со која САД ги уништија мостовите. Обама често ги осудуваше нелегалните еврејски населби, додека администрацијата на Трамп останува нема околу ова прашање.
Покрај тоа, администрацијата на Трамп соопшти дека ќе ја откаже легитимниот статус на Палестинската ослободителна организација во Вашингтон и дека нема да ја продолжи лиценцата на претставништвото на оваа организација.
Трамп во декември минатата година го прогласи Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел, за што даде ветување за време на неговата претседателска кампања, и даде инструкции за преместување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим.
Оваа одлука на Трамп претставува голем удар врз комуникацијата меѓу администрацијата на Палестина и Вашингтон, додека Палестинската ослободителна организација соопшти дека ги суспендира мировните преговори меѓу Палестина и Израел сѐ додека САД не ја повлечат нивната одлука околу Ерусалим (Кудс).
Од друга страна, 128 земји-членки на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) беа против одлуката на Трамп за Кудс.
Трамп преку својот Твитер профил ја зеде како цел администрацијата на Палестина. Потсетувајќи дека САД секоја година ѝ дава помош на Палестина од стотици милиони долари, Трамп истакна дека за возврат не добиле ниту благодарност ниту почит.
Тврдејќи дека Палестинците не сакаат да преговараат со Израел, Трамп нагласи дека нема потреба да плаќаат толку големи суми за Палестинците во иднина, бидејќи не сакале да зборуваат за мир.
Се вели дека овие изјави на Трамп нанесоа голема штета на улогата на САД како посредник во постигнувањето мир меѓу Израел и Палестина.
- Историските чекори направени со Куба по половина век, се повлечени -
Трамп, шест месеци по доаѓањето на претседателската функција, го откажа процесот на нормализација на односите со Куба, тврдејќи дека оваа иницијатива за нормализација на односите е само во корист на владата на Куба.
Од друга страна, Рекс Тилерсон, американскиот министер за надворешни работи, пренесе дека разговараат околу затварањето на американската амбасада во Хавана.
- Уништени мостовите со земјите кои се наоѓаат на црната листа -
Трамп целосно ги уништи мостовите со некои земји кои се наоѓаат на црната листа на САД, а со кои неговиот претходник, Барак Обама, ги одржуваше односите на одредено ниво.
САД со години се обидуваа да ја спречат нуклеарната програма на Иран, и за првпат во периодот на Обама седнаа на маса со Иран.
Од нуклеарните преговори кои започнаа во 2013 година меѓу САД, ЕУ, Кина, Франција, Британија, Русија, Германија и Ирак, потоа произлезе договор за потпишување на Заеднички акционен план, на 14 јули 2015 година.
Трамп во секоја пригода договорот со Иран го опишува како страшен договор, додека привлекува внимание она што американскиот Стејт департмент и Пентагон нагласуваат дека Иран го почитува нуклеарниот договор и укажуваат на важноста на зачувување на овој договор.
Трамп во октомври одржа владин состанок за стратегијата со Иран, на кој истакна дека не го одобрува нуклеарниот договор на Иран, но, како што рече, сѐ уште не се повлекле од договорот.
Покрај заканата за откажување на нуклеарниот договор, истиот ден Иранската револуционерна гарда беше ставена на листата на санкционирани, а овој потег ги сруши сите мостови меѓу Техеран и Вашингтон.
Иран оваа одлука за Револуционерната гарда го опиша како прогласување на војна. Администрацијата на Трамп, со спроведувањето санкции против лицата и организациите кои даваат придонес кон програмата за балистички проектили на Иран и кон Хезболах поддржан од страна на Иран, ги стави односите меѓу Иран и САД во една безизлезна ситуација.
Поддршката на Трамп преку Твитер за антивладините протести во Иран предизвика слабеење на односите меѓу Вашингтон и Техеран.
- Кризата со Северна Кореја продолжува со полемики -
Тензиите со Северна Кореја Трамп ги претвори речиси во полемика.
Откако Северна Кореја во март минатата година изрши тестирање на балистички проектил и соопшти дека нивните проектили може да стигнат до Аљаска и осторовот Гуам, кој е територија на САД, Трамп истакна: „Мораме да направиме нешто околу ова прашање“.
Оваа изјава на Трамп предизвика коментари дека ѝ се заканува на Северна Кореја со воена операција.
Она што Трамп во секоја пригода преку Твитер му упатува закани на режимот на Ким Џонг-ун, предизвика загриженост не само во САД туку и во Јужна Кореја и Јапонија.
Трамп во својот говор во Советот за безбедност на ОН во септември го опиша Ким Џонг-ун како „човек-ракета“ и пренесе дека ако има потреба нема да се двоумат целосно да ја уништат оваа земја.
Исто така, Трамп ги зеде како цел изјавите на американскиот министер за надворешни работи, Рекс Тилерсон, кој за време на неговата посета на Кина во октомври минатата година истакна дека постојат директни канали за комуникација со Северна Кореја.
„Му кажав на Рекс Тилерсон, нашиот прекрасен министер за надворешни работи, дека за џабе го троши времето обидувајќи се да се сретне со 'малиот човек-ракета'. Рекс, зачувај ја твојата енергија, ќе го направиме она што е потребно“, рече Трамп.
Ким Џонг-ун пак потоа нагласи дека на неговата маса се наоѓа копчето за нуклеарки на што Трамп одговори дека на неговата маса постои помоќно копче за нуклеарки кое работи, и со тоа предизвика нова полемика.
Иако американскиот Стејт департмент и Пентагон се обидуваат да ги ублажуваат изјавите на Трамп, се вели дека изјавите на Трамп особено преку Твитер длабоко ги тресе глобалните сојузници на САД.
news_share_descriptionsubscription_contact
