Kübra Chohan
23 Јануари 2018•Ажурирај: 23 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Катар вчера соопшти дека антитерористичката операција на Турција во сирискиот град Африн, била мотивирана од легитимната загриженост за безбедноста, јавува Anadolu Agency (AA).
„Започнувањето на Турската воена операција во саботата e мотивирана од легитимната загриженост поврзана со националната безбедност и безбедноста на сите граници, како дополнување на заштитата на територијалниот интегритет на Сирија поради опасноста од отцепување“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи, Лулвах Рашид ал Хатер, а беше цитирана од официјалната катарска новинска агенција QNA.
„Турција, којашто е член на НАТО, отсекогаш претставуваше стабилизирачки фактор во регионот“, вели таа.
Таа додаде дека Катар е целосно уверен во остроумноста на Турската Република за зачувување на безбедноста на цивилите и единството на сириската територија.
Турските сили во саботата ја започнаа операцијата „Маслинова гранка“ во Африн, со цел воспоставување безбедност во пограничното подрачје, неутрализирање на терористичките елементи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ, ослободување на територијата која под окупација ја држат терористите и спас на народот од тоа подрачје.
Операцијата во Африн е започната во рамките на правото на Турција коешто е засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот, 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на член 51 од Договорот на ОН, односно Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.