Mahmut Atanur
23 Јануари 2018•Ажурирај: 23 Јануари 2018
ЏАКАРТА (АА) - Претседателот на Индонезија, Јоко Видодо, го прими на средба министерот за одбрана на САД, Џим Матис, јавува Anadolu Agency (AA).
Матис кој се наоѓа во официјална посета на Индонезија, беше примен на средба од страна на индонезискиот претседател, Видодо, која се одржа во претседателската палата, во главниот град на оваа земја, Џакарта.
Матис во изјавата за медиумите по оваа средба истакна дека Индонезија е значајна земја во регионот, и е стратешки партнер на САД.
Американскиот министер за одбрана нагласи дека САД е подготвена да ја помага Индонезија, за да се заштити мирот во регионот.
Истакнувајќи дека за време на средбата разговарале околу повеќе регионални и меѓународни прашања, како за прашањето на Северна Кореја, Матис пренесе дека размениле мислења за унапредување на соработката меѓу двете земји.
По оваа средба, Матис се состана и со министерот за координација на политичко-правни и безбедносни работи на Индонезија, Виранто.