Erbil Başay
23 Јануари 2018•Ажурирај: 24 Јануари 2018
БЕРЛИН (АА) - Поддржувачите на терористичката организација ПЈД/ПКК кои одржаа демонстрации без дозвола на аеродромот Хановер - Лангенхаген во Германија, ги напаѓале турските патници, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според видеата објавени на интернет страниците на некои германски весници, поддржувачите на терористичката организација со стаповите од транспарентите кои ги носеле за време на протестот на аеродромот Хановер - Лангенхаген, ги напаѓале турските патници во аеродромот.
Во соопштението на полицијата од Хановер се вели дека таа употребила солзавец при судирот на страните на аеродромот.
Според ова соопштение, протестот против некои турски авио-компании е одржан без дозвола на полицијата, а две лица се здобиле со лесни повреди.
Во полициското соопштение се наведува дека е започната истрага против неколку лица поради овој случај.
Во веста на весникот „Хановерше алгемајне цајтунг“ (Hannoversche Allgemeine Zeitung) се вели дека околу 180 лица се вмешани во случајот, и дека поради настанот повеќе од половина час е одложен летот на еден авион кој патувал за Истанбул.
Поддржувачите на терористичката организација ПЈД/ПКК, синоќа нападнаа две џамии во Германија.