Cansu Dikme
11 Јуни 2017•Ажурирај: 12 Јуни 2017
ДОХА (АА) - Катарскиот официјален претставник денес изрази благодарност до Турција поради снабдување на неговиот народ со потребната помош за храна, јавува Anadolu Agency (AA).
„И се заблагодаруваме на турската влада и граѓаните за нивната помош. Никогаш нема да ја заборавиме оваа поддршка”, изјави за АА шефот на Катарската стопанска комора, Салех бин Мухамед Бин Хамад ал Шарки.
Нарекувајќи ја Турција вистински пријател, ал-Шакри изјави дека Турција ја продолжува својата голема помош во периодот на кризата.
Тој додаде дека Катар сака да ги зајакне билатералните трговски односи со Турција.
Минатата недела, пет арапски земји (Саудиска Арабија, Египет, ОАР, Бахреин и Јемен) ги прекинаа своите дипломатски односи, обвинувајќи ја Доха за поддржување на тероризам.
Катар ги негира упорно ваквите обвиненија, нарекувајќи во ваквиот чекор неоправдан.