Ekipa
18 Септември 2021•Ажурирај: 19 Септември 2021
ДОХА (АА) - Уште еден катарски авион што пренесуваше хуманитарна помош за Авганистан пристигна на аеродромот во Кабул, соопшти катарското Министерство за надворешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството истакна дека помошта е обезбедена од Катарската добротворна организација, во координација со Катарскиот фонд за развој.
Пратката „содржи 20 тони помош во храна“, се вели од Министерството и се додава дека надлежните власти во Авганистан веќе почнале да ја „дистрибуираат на оние што ја заслужуваат“.
Според соопштението, со последната пратка со хуманитарна помош, Катар во Авганистан досега доставил вкупно „138 тони медицински и прехранбени производи“, за кои се нагласува дека се дел од катарската континуирана поддршка на авганистанскиот народ.
Инаку, во Катар беше лоцирана политичката канцеларија на талибанците, која ги надгледуваше преговорите со САД, што на крајот доведе до повлекување на странските трупи од Авганистан.
Талибанците ја зазедоа земјата кон средината на август и најавија привремена Влада составена од 33 членови.