İslam Doğru
06 Април 2019•Ажурирај: 07 Април 2019
ЊУЈОРК
Џамал Кашоги, новинар и колумнист на весникот „Вашингтон пост“ („The Washington Post“), убиен е на 2 октомври мината година во саудискиот Конзулат во Истанбул, во време кога ја подготвувал книгата за визијата на една нова Саудиска Арабија, инспирирана од американскиот систем, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот весник наведува дека Кашоги неколку месеци пред убиството работел на книга за реформи во Саудиска Арабија, која наликува на книгите кои се познати како „отворање очи“.
Во колумната на Дејвид Б.Отавеј се наведува дека Кашоги планирал на книгата да ѝ го даде насловот „САД за Саудијците“ или „Поедноставена Америка за Саудијците“.
Планот бил на едноставен начин на саудиските читатели да им го објасни американскиот живот и на Арапите воопшто. Фокусот требало да биде на школувањето, реформите во образованието и контролата на јавните средства.
Џамал Кашоги, новинар и колумнист на весникот „Вашингтон пост“, убиен е на 2 октомври мината година во саудискиот Конзулат во Истанбул.
Турското Обвинителство откри дека тој е брутално задавен по влегувањето во Конзулатот и дека неговото тело е распарчено и уништено.
Властите на Саудиска Арабија дополнително признаа дека Кашоги е убиен и дека не го напуштил Конзулатот, како што првично тврдеа. Потоа подигнаа обвинение против 11 осомничени за убиство, а тамошното Обвинителство побара изрекување на смртни казни за петмина првообвинети.