Haydar Hadi
08 Април 2016•Ажурирај: 08 Април 2016
БАГДАД (АА) – Министерот за надворешни работи на САД, Џон Кери, при својата официјална посета на Ирак се сретна со својот ирачки колега Ибрахим ел-Џафери, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото известување кое го даде Министерството за надворешни работи се вели дека на средбата меѓу Џафери и Кери се зборувало за односите меѓу двете земји, потребата од поголема соработка, зајакнување на заедничките интереси, заедничка борба против ризиците во регионот, за политички и безбедносни тематики и за заедничката борба против ДАЕШ.
Според известувањето Џафери потенцирал дека и покрај сите потешкотии, Ирак останал силен, го зачувал единството на земјата, продолжува во ослободувањето на окупираните територии од страна на ДАЕШ и одржување на суверенитетот на државата.
Џафари, исто така, користејќи пофални зборови за поддршката која Меѓународната заедница и САД во борбата против тероризмот ја насочиле кон Ирак, побара поголема помош за неговата земја.
- Помош од 155 милиони долари
Во образложението се вели дека и министерот за надворешни работи на САД, Кери го пофалил Ирак за неговата борбата со тероризмот и успешните победи против ДАЕШ, како и за тоа како да повторно да изградат територии кои се ослободени.
Кери во својата изјава истакнал дека е потребно да им се помогне на раселените лица од терористичките напади да се вратат во своите домови, и потсети дека за расчистување на минските полиња поставени во одредени области на Рамади е доделена помош од 155 милиони долари и додаде дека се спремни на дадат уште поголема помош. Според даденото соопштение, Кери истакнал дека во контекст на поголема финансиска помош за Ирак ќе му се обрати и на Меѓународниот монетарен фонд (IMF).