Faruk Zorlu
13 Јануари 2019•Ажурирај: 14 Јануари 2019
ПЕКИНГ (АА) - Најмалку 21 рудар загинаа во рударска несреќа, откако се урна рудник во северозападна Кина, јавува Anadolu Agency (AA).
Според кинеската новинска агенција „Синхуа“, инцидентот се случил вчера попладне во рудник за јаглен во северозападната кинеска покраина Шанси.
Во моментот на инцидентот вкупно 87 лица работеле под земја во рудникот, од кои спасувачките екипи успеале да спасат 66-мина.
Покрената е истрага за да се пронајде причината за несреќата.