Mahmut Atanur
07 март 2016•Ажурирај: 08 март 2016
ПЕКИНГ (АА) - Во експлозија на гас во рудник во Кина загинаа 12 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што е соопштено од страна на кинеската агенција "Xinhua", експлозијата се случила во провинцијата Џилин, во североисточниот дел на земјата.
Кинеските државници соопштија дека е спасено едно повредено лице, а покрената е истрага со која ќе се утврдат повеќе детали.