Ekip
29 Април 2016•Ажурирај: 01 Мај 2016
ПЕКИНГ (АА) - Најмалку две лица загинаа а пет се ранети во пожарот кој изби денес во подземното градилиште на аеродромот во Шангај, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми известуваат дека жртвите по несреќата се пренесени во околната болница, а дека меѓу повредените две лица се наоѓаат во тешка состојба. Пожарот зафати површина од 100 метри квадратни, соопштија од противпожарната служба. Пожарот е изгаснат по еден час, а истрагата за причините е во тек.
'Shanghai Hongqiao Airport' минатата година е рангиран како 6-ти најпрометен аеродром во Кина. Пожарот не доведе до пореметување во сообраќајот.