Atila Altuntaş
10 Април 2016•Ажурирај: 11 Април 2016
СТОКХОЛМ (АА) – Голем пожар уништи приватно основно училиште во кое одат муслиманските деца во јужниот шведски град Малме, а полицијата се сомнева дека станува збор за подметнат пожар, јавува Anadolu Agency (AA).
Шведската државна телевизија SVT јавува дека до пожарот на училиштето во населбата Јергерсромрадет дошло доцна синоќа откатко одекнала силна експлозија, а зградата скоро во потполност е уништена.
Противпожарните служби не успеаа да го изгаснат пожарот се до утрото, а во несреќата немаше настрадани бидејќи во училилиштeтo во текот на ноќта немало никој.
Портпаролот на полицијата, Џими Мидин, изјави дека во тек е истрагата на целиот случај и дека полицијата трага по можниот напаѓач.
Имено, тој изјави дека непосредно по ескплозијата полицијата забележала еден автомобил кој брзо се оддалечува од местото на настанот.
Полицијата се обидела да го запре автомобилот и отворила оган во обид да го запре, но осомничениот успеал да побегне. Во кругот на училиштето зајакнати се безбедносните мерки, а полицијата трага по бегалецот.