Ekipa
23 Август 2016•Ажурирај: 24 Август 2016
ПЕКИНГ (АА) - Кинeските власти казнија над 4.400 државни службеници, откако е утврдено дека ги кршеле мерките за штедење, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кинеската државна новинска агенција Синхуа објави дека владејачката Комунистичка партија на Кина, преку својата антикорупциска агенција, открила неправилности во работењето на 4.417 државни службеници.
Според соопштението на Централната комисија за дисциплинска инспекција, споменатите службеници ги користеле неовластено доделените бонуси, примале и испраќале поклони (мито) и ги користеле службените возила вон службата.
Казните ќе бидат спроведени во рамките на кампањата на кинескиот претседател Си Џинпинг, кој веќе пет години се бори против корупцијата во таа источноазиска земја.
Си на крајот на 2012 година претстави кампања од висок профил насочена кон припадниците на кинеската Комунистичка партија, владата, војската и сите други владини институции каде што има корупција.
Секоја година во Кина се казнуваат илјадници државни службеници, при што поголемиот дел од нив се оддалечени од своите позиции.