Halit Süleyman
22 Август 2016•Ажурирај: 22 Август 2016
АЛЕПО (АА) - Во нападите на руските и авионите на силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад на пазар во дел од градот Алепо, кој е под контрола на опозицијата, загинаа 14 а ранети се 26 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Ибрахим Ебу Лејс од локалната цивилна заштита изјави дека режимските и руските авиони извршиле осум напади на пазар во населбата Сукери, која се наоѓа под контрола на опозицијата.
„Во нападот се уништени десетици продавници. Во одредени деловни и станбени објекти избија пожари кои се изгаснати”, изјави тој додавајќи дека штетата на подрачјето кое го бомбардираа руските авиони е голема.
Според него, меѓу загинатите има поголем број жени и деца.
Еден од очевидците изјави дека меѓу загинатите се наоѓаат најмногу деца и дека нивните тела ги извлекувале под рушевините.