Dildar Baykan Atalay
10 Август 2025•Ажурирај: 11 Август 2025
АНКАРА (АА) - Американски медиум тврдат дека е приведен Лиу Џианчао, врвен функционер на Кина, кој се сметаше за потенцијален иден министер за надворешни работи, известува Анадолу.
„Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори кои се запознаени со ова прашање, објави вест во која тврди дека на испрашување е приведен 61-годишниот Лиу, кој се вратил од меѓународно патување кон крајот на јули.
Не се објавени информации во врска со причината за неговото приведување, кој раководи со односите на Кинеската комунистичка партија со странските политички партии.
Кинеската влада сè уште не објави соопштение за ова прашање.
Лиу, кој посети повеќе од 20 земји откако ја презеде сегашната функција во 2022 година, се сметаше за потенцијален иден министер за надворешни работи поради неговите добри односи со странските земји.