Barış Kahraman
23 Мај 2021•Ажурирај: 24 Мај 2021
АНКАРА
Во кинеската провинција Хејлунгѓанг се преврте рибарски брод. Во несреќата животот го загубија 4 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Официјалните власти, за кинеска новинска агенција „Синхуа“ изјавија дека во реката Нењианг, за време на пловидбата на брод со 11 лица на него, започнало да влегува вода, по што бродот почнал да тоне.
Спасувачките екипи спасиле 2 лица, а од водите на Нењианг ги извлекле телата на 4 лица. Во тек се активностите за пронаоѓање на 5-те исчезнати лица.