Mehmet Kemal Firik
19 Април 2023•Ажурирај: 20 Април 2023
НИКОЗИЈА (АА) - Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Ерсин Татар, и Здружението за човекови права реагираа на повикот на надбискупот на Управата на Грчката православна црква упатен до кипарските Грци да се вооружат и мобилизираат, пренесува Анадолу.
Надбискупот Јоргиос во својата велигденска порака повика на „мобилизација за национална егзистенција“, тврдејќи дека „мобилизацијата е потребна како гаранција на националното постоење во земјата на предците“, објавија тамошните медиуми.
Надбискупот за дневниот весник „Симерини“ порача:
„Можеме да земеме оружје, можеме добро да се браниме и можеме да ја освоиме својата слобода.“
Јоргиос ги повика кипарските Грци да им се спротивстават на плановите на Туркије.
- Татар: „Изјавата им штети на мирот и благосостојбата во Источен Медитеран“
Претседателот на ТРСК, Ерсин Татар, за медиумите рече дека изјавите на надбискупот се застарени и дека таквите изјави им штетат на мирот и благосостојбата во Источен Медитеран.
Повикувајќи ја власта на кипарските Грци да даде разумни изјави, Татар нагласи дека ваквите изјави ги смета за бесмислени и непотребни.
- Здружение за човекови права: „Повикот на Јоргиос е потврда на грчкиот експанзионизам“
Во соопштението потпишано од Хасан Јилмаз Ишик, претседател на Здружението за човекови права, се вели дека зборовите и повикот на Јоргиос, освен безбедносни проблеми, претставуваат и потврда на грчкиот експанзионизам.
Тој потсети дека Православната црква на кипарските Грци, и покрај тоа што ги имала сите привилегии под Османлиската држава, била пионер на грчкиот експанзионизам на патот кон обединување со Грција. Обединетите нации (ОН) се повикани да престанат да се „однесуваат како кипарските Грци да се единствени владатели на островот“ и да ја признаат ТРСК колку што е можно поскоро.
- Свештениците претходно имаа обука за гаѓање
Претходно свештениците во администрацијата на кипарските Грци минаа обука за гаѓање под надзор на војниците од Националната гарда на кипарските Грци.
Грчкото Министерство за одбрана, кое се огласи откако грчките свештеници од Константската митрополија ја примиле реакцијата на социјалните мрежи, тврди дека инцидентот е моментна ситуација и прифати дека митрополитот обезбедил финансиска поддршка за реконструкција на стрелиштето.
Администрацијата на кипарските Грци од годинашниот буџет издвои 200 милиони евра за купување оружје и ја подигна својата програма за вооружување на највисоко ниво во последните 20 години.
Неодамнешниот обид за вооружување на управата на кипарските Грци наиде на реакции од официјалните лица на ТРСК, со образложение дека ѝ се закануваат на стабилноста во Источен Медитеран.