Erdal Türkoğlu
08 Септември 2016•Ажурирај: 09 Септември 2016
ЧОБАНБЕЈ (АА) - Продолжува операцијата „Штитот на Еуфрат“ на Заедничките специјални единици на турските вооружени сили и колициските сили против терористите во областа на Џарабулус, на турската граница со Сирија. Умерената опозиција од една страна се подготвува за нови напади, а од друга страна на многу точки чува стража да ги обезбеди ослободените села од ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Теренскиот командант Абдулмеџид на Бригадата на Султан Мурат Тугај, чиишто единици поврзани со Умерената опозиција подготвено чекаат во едно село на Чобанбеј, во изјавата за дописникот на АА рече дека успешно продолжува операцијата „Штитот на Еуфрат“, која ја започна Турција.
- „ПКК и ПЈД тука ќе направеа држава“ -
Абдулмеџид изјави дека досега имаат ослободено 92 километра. „Ја отворивме линијата Азез-Џарабулус. Ги соединивме селата тука. Нормално, имаме загинати и ранети. Господ ни овозможи ослободување. Ослободивме 92 километра. Расипавме една важна игра, бидејќи ПКК и ПЈД тука ќе формираа држава. Овие операции им ги расипаа плановите. Доколку не го преземевме Џарабулус, ќе го земеше ПКК и ќе пристигнеше до Африн“, изјави Абдулмеџид.
Абдулмеџид вели дека селата отспротива сѐ уште се под контрола на ДАЕШ и дека ќе ги продолжат операциите за ослободување на тие села.
„Со божја промисла, сите наши луѓе, сите млади ќе се вратат во своите села“, рече командантот на вооружените единици на Умерената опозиција.
„Со божја промисла ќе го уништиме ДАЕШ и ќе ја ослободиме цела Сирија. Прво ќе напредуваме кон Ел-Баб, потоа кон Мунбич. По заземањето на овие места, во целост ќе им ги расипеме плановите. Тука не може да има држава на ПКК. Турција е на наша страна и ние сме ѝ многу благодарни. На ПКК и на ПЈД сакам да им испратам порака: Дојдете кога сакате, ние сме тука. Ве очекуваме. Тука имаме наша крв и земја. Не ја оставаме оваа земја. Тука е нашата татковина, немаме каде да одиме на друго место. Секој ја сака својата татковина. Се надевам дека ќе ги соединиме сите области“.
- „Не го напаѓаат ДАЕШ“ -
Абдулмеџид истакна дека САД и Русија секогаш велат „го напаѓаме ДАЕШ", но дека на теренот не прават ништо. „САД, Русија и Франција не прават ништо. Само зборуваат. Ако навистина се толку искрени, зошто не нѐ поддржаа, како поддршката што ја дадоа во Кобани? Таму за 2 дена зазедоа 72 села. Ние 2,5 години војуваме, а уште немаме заземено 100 километри. Каде остана искреноста. Како е можно ова? Сѐ е лага“.